Американец по грешка освои два милиона долари

Маж од американската сојузна држава Мичиген имал голема среќа на лотарија, откако вработениот на бензинска црпка по грешка му продал ливче кое донело два милиона долари.

Како што се наведува во прилогот на CNN, добитникот кој не сакал да биде објавено неговото име, се запрел на пумпата во предградие на Детроит, бдејќи сакал да раситни пари за да ги напумпа гумите на возилото на сопругата, објави лотаријата на државата Мичиген.

„Влегов за да разменам пари и поравал ливче до 10 долари за Lucky 7. Вработениот по грешка ми го даде она од 20 долари. Ми понуди да го заменам, но нешто му говореше да го сочувам. Сега ми е драго што го сторив тоа“, рекол среќниот 57-годишник.

Добитникот се решил еднократно да ја подигне целата сума од премијата, па така ќе добие 1,3 милиони долари наместо целиот изност кој би му бил исплаќан на рати.

Парите ќе ги искористи, како што рекол, за купување нова куќа, а остатокот ќе го тргне настрана.