
Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар Сергеј Попов, во емисијата „Стадион“ на Канал 77 истакна дека не може да се сети кога некогаш Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ прифатил нивни предлог, а Оппштината има толку многу проблеми.
-Би се осврнал околу неколку работи кои според мене се главни и се крева најмногу прашина, а тоа се мораториумот за градба и ревизијата на ДУП-овите што беше најавена. Имено најавата беше дека ќе се воведе мораториум за градба во оние ДУП-ови кои што Општината ќе ги процени дека се проблематични. Меѓутоа, сведоци сме ние како советници, но и сите граѓани кои живеат во Општина Центар дека градењето не е сопрено. Мораториумот за градба се спроведува селективно, односно мораториумот не важи за сите, посочи Попов.
Околу ревизијата на ДУП-овите, Попов рече дека на седница на Општина Центар градоначалникот ветувал дека ревизијата на проблематичните ДУП-ови ќе заврши во рок од 6 месеци.
-Ние тогаш како опозиција предупредивме дека тој рок е краток и општината нема да има време да го заврши тоа и за жал испаднавме во право, бидејќи ДУП-овите се уште не се донесени. Стигаа информации до нас како советничка група дека два детални урбанистички планови во Маџар Маало биле вратени од страна на Град Скопје и Министерството за транспорт и врски, вели Попов.
https://www.youtube.com/watch?v=AcEKCrhdcV0&feature=emb_logo