Без Царчев против Финска и Швајцарија, бидејќи е позитивен на Ковид-19

ренерот на голманите на македонската ракометна репрезентација, Александар Царчев потврди дека има коронавирус.

Митревски, Томовски и Кизиќ нема да ја имаат поддршката од својот тренер во репрезентацијата, Александар Царчев за престојните дуели со Финска и Швајцарија.
Тој преку социјалните мрежи потврди дека е позитивен на ковид-19, асимптоматски е, и во наредниот период ќе биде во самоизолација.
Македонија првиот дуел го игра со Финска на 4. ноември во Скопје, а три дена подоцна гостуваме на Швајцарија.