-0.2 C
Skopje
петок, декември 20, 2024

Скарлет Јохансон се омажи по трет пат, a има само една желба

Една од најубавите холивудски актерки Скарлет Joхансон по трет пат заплови во брачните води. И покрај пандемијата на коронавирус, таа му кажа ,,Да”на својот вереник, комичарот Колин Јост, со кого е во врска веќе три години.

Скарлет и Колин се венчале минатиот викенд на интимна церемонија меѓу блиските членови на семејството и пријателите.

Добрата вест на Инстаграм ја сподели организацијата Оброци на тркала на Америка, која се грижи најсиромашните граѓани да не бидат гладни и им помага на постарите граѓани во изолација.

– Воодушевени сме што можеме да ја споделиме веста дека Скарлет Јохансон и Колин Јост се венчаа минатиот викенд на мала церемонија во семејниот круг, почитувајќи ги епидемиолошките мерки. Нивната желба на денот на венчавката беше да им помогнат на најранливото население, на повозрасните граѓани во овие тешки моменти, обезбедувајќи ни поддршка. Честитајте им на среќната двојка донирајќи ни пари, се наведува во соопштението.

Јохансон и Јост се свршиле во мај 2019 година по две години врска.

За комичарот од шоуто Saturday Night Live, ова е прв брак, а трет за 35-годишната актерка.

Скарлет беше во брак две години со актерот Рајан Рејнолдс и три години со Французинот Ромен Дауриак со кого ја има ќерката Дороти Роуз.