
Полицијата на канадскиот град Квебек потврди дека во неделата ноќта набрзо по полноќ го уапсила осомничениот за нападот во кој со нож претходно убил две а ранил уште две лица, и оти првичните резулатати од истрагата укажуваат на тоа дека злосторството го извршил од „лични мотиви“ а не од некоја друга причина.
Дваесети и четиригодишниот млад маж кој на Ноќта на вештерките бил облечен во средновековна облека, со маска на лицето и вооружен со меч убил две лица, од кои на едното според медиумите му било пресечен гркланот, а ранил уште пет други во историскиот центар на Квебек, близу регионалниот парламент. Набрзо бил пронајден на пристаништето и уапсен без да дава отпор.
„На крајот од потрагата во стариот дел од градот уапсивме маж во дваесеттите години во 1 часот по локално време“, изјави за медиумите Етјен Дојон, портпарол на полициската управа на Градот Квебек (SPVQ)
„Според нашите првични сознанија, осомничениот така постапил од лични, а не од некои други мотиви“, објави квебешката полиција во твит.
Младиот маж кој во саботата доцна ноќта уби две а рани пет лица, сакал да убие „што повеќе луѓе“, но „не бил поврзан со некоја терористичка група“, додава полицијата.
„Синоќа доживеавме ноќ на ужасот кога 24-годишник, кој не живее во Квебек, дошол тука со намера да убие што повеќе жртви. Сѐ наведува на заклучокот дека осомничениот, вооружен со меч и маскиран во средновековна одежда, своите жртви ги бирал неселективно“, изјвил за новинарите шефот на полциската служба на Квебек, Робер Пижон.
Претходно во неделата дневниот весник Le Soleil, во автомобилот на осомниечниот пронајдени се канистри со гориво и студено оружје. Тој случајно бил пресретнат од припадниците на полицијата во старото градско пристаниште на Кбвебек, каде што лежел, бос и хипотермичен, поради што бил пренесен во болница.