Митропитот на СПЦ Амфилохие, кој денеска беше погребан важеше за голем противник на Македонската православна црква.
Тој во неколку наврати кажуваше и дека некакава Македонска црква е опасност за Балканот и за православниот свет и оти треба низ дијалгот да се дојде до решение. И на неговиот погреб беше поздравена Украинската и Албанската православна црква, но не и Македонската.
Во интервју за ТАСС во јануари Митрополитот рече дека обидот на Вселенската патријаршија да повтори украинско сценарио на Балканот би значело објавување на војна кон СПЦ.
-Што се однесува до Македонија после сите случувања во Украина не очекувам Цариград да и отвори војна на Српската православна црква. После Украина се е можно но не верувам дека тоа ќе се случи.
Амфлилохије требаше да ги води преговорите со МПЦ за статуот на МПЦ но тие никогаш не продолжија бидејќи Митролитот беше посветен на проблемите што ги имаше СПЦ во Црна Гора.