Спасувачите во неделата продолжуваат со пребарувањето на зградите во западниот турски град Измир додека се губат надежите дека ќе бидат пронајдени нови преживеани, а досега турските власти потврдија 69 жртва, додека во Грција освен двете жртви на островот Самос во петокот нема нови информации за настрадани.
Четириесттина повеќекатници во Измир се целосно урнати или значително оштетени во силниот земјотрес од петокот, соопшти во неделата министерот за градежништво и животна средина, Мурат Курум.
„По потресот беа испитани 2.234 згради и објеки. Целосно се разурнати или претрпеле значителни оштетувања 41 зграда, 1.041 се делумно оштетени“, изјавил Курим за новинарите во Измир.
Додал дека на граѓаните чиишто домови веќе не се погодни за живеење ќе им биде исплатен надомест во изност од 30.000 турски лири, односно 3.600 американски долари, а на роднините на загинатите 10.000 лири, односно 1.200 долари, првична помош.
Како што објави турската Агенција за управување со вонредни остојби и природни катастрофи (AFAD), бројот на жртвити во земјотресот во неделата вечерта се зголемил на 69 лица, додека повредени се 949 лица, од кои стотина се во тешка состојба. Додаде дека спасувачките екипи во неделата вечерта продолжуваат со претрагите на урнатините од осум уништени згради во Измир.
Под светлата на рефлекторите и со бучавата на багерите, спасувачките екипи вечерта продолжуваат со расчистувањето на купиштата од бетон, железо и столбови во квартот Бајракли.
Медиумите известуваат дека насобраните жители се загрижени, а многумина ги обзема очај. Вечерта од под урнатините биле извадени телата на тројца настрадани членови на едно семејство, меѓу кои и на мало дете.
Земјотресот, кој турските власти го проценијасо магнитуда од 6,7 по Рихтер, грчките сеизмолози на 6,9, а американскиот Геофизички институт USGS на 7 Рихтерови степени, во петокот рано попладнето ја погоди областа во Егејското Море дваесетина километри од Измир, третиот по големина град во Турција, како и и блискиот грчки остров Самос.
Моќноста била толкава што потресот многу силно бил почувствуван и во Истанбул и во Атина и предизвика плимен бран од мало цунами кој потопи улици во местото Сеферихисар, 50-ина километри од Измир, и брегот на Самос, каде што загинаа двајца тинејџери.