
Кафеаните, кафулињата и сите други угостителски објекти да работат до 21 часот., е најновата мерка којашто Комисијата за зразни болести планира да ја предложи до Владата, а во насока за заштита од ширње на коронавирусот.
„Ќе предложиме угостителските објекти да работат до 21 часот“, вели министерот Венко Филипче, на прашањето дали е точно дека Владата размислува за носење на ваква мерка.
Овој предлог најверојатно уште во вторник ќе се најде на владина седница, а како што неофицијално се дознава, преовладува мислењето дека таа треба да биде усвоена.