Првиот човек на Формула 1, Берни Еклстоун, сака последните три трки во најбрзиот циркус на денешницата во наредните сезони да бидат двојно бодувани.
Светската автомобилска федерација (ФИА) објави дека следната сезона, на трката за Големата награда на Абу Даби, последната трка од шампионатот, ќе се доделуваат бодови двојно поголеми од оние на другите Ф1 трки.
Еклстоун истакна дека верува дека најдобро решение би можело да биде двојно бодување на уштедве трки,со што борбата за титулата ќе биде понеизвесна.
-Лично, имам желба финалните три натпреварувања да бидат двојно бодувани. Меѓутоа може лесно да се случи правилото да не се усвои, наведува Британецот.
-Мислам дека вака треба да биде во финишот на сезоните или правилото воопшто да не постои. Доколку имаме двојни бодови на овие трки, шампионатот ќе биде поинтересен за сите, истакна Берни Еклстоун.