Пандов: Митко Јанчев е политички неписмен

Јас искрено не ни очекував дека Мите лимунада ќе направи протест поготово со најава дека ќе го менува претседателот Христијан Мицкоски за да тој да бил претседател на партијата, вели претседателот на Патриотскиот институт Александар Пандов во вечерашното гостување во емисијата Што не е јасно на телевизија Алфа, отккао кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев се предомисли за организирање на протест пред седиштетот на опозицијата.

Пандов посочи дека тој го повикал Јанчев на дебата да разговараат за неговиот став и визија истакнувајќи дека тојмедиумски се појавувал само доколку треба да ги поддржи политиките на владата и Зоран Заев или да го напаѓа актуелното раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

Очекував дека тој ќе дојде и ќе поразговараме. Воедно јас го повикав да дојде на дебата, како луѓе да разговараме, кој се неговите визии, кои се неговите ставови. Да потсетиме само Мите се има појавено овие неколку години медиумски единствено од она што јас можам да се сетам кога требало да ги поддржува политиките на Зоран Заев или пак да го критикува раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Славна е неговата изјава ако биле сите политичари како Зоран Заев, Македонија ќе била Швајцарија на Балканот, или неговите изјави пред референдумски кога повикуваше да излезе на референдум, додаде Пандов.

Според Пандов, Јанчев е добар бизнисмен, но политички неписмен.

Тој е политички неписмен човек. Човек кој што благодарение на капиталот кој што го наследил од неговите родители си го менаџира со среќе нека му, тоа е добро во Македонија да има успешни бизнисмени, меѓутоа како и многу други бизнисмени кои се обиделе во политиката, политиката е сепак професија која со години и години се учи се практикува, се студира, за да може човек да ја владее. Премногу е јасно дека безмалку си ја има купено својата сега градоначалничка функција во Кавадарци и веројатно неговата калкулација е дека од позиција на кандидат на СДСМ би имал повторно успех. Јас не верувам дека ќе има успех и да е кандидат на СДСМ, но човекот си има право да си има свои видувања во политиката, вели тој.

Не собра храброст, се уплаши, јас на крајот од денот два дена претходно бев во неговото родно Кавадарци во Општинскиот комитет. Ако општинскиот комитет на Кавадарци не е местото или штабот на партијата еве го поканувам кога сака нека дојде има простории ќе каже што има да каже. Меѓутоа тоа не му беше поентата негова. Неговата поента беше да се претстави како некој силен, дека еве нешто ќе руши ќе прави, додаде Пандов.