Во последниот натпревар од седмото коло на англиското фудбалско првенство, Лестер Сити на гостувањето го победи Лидс Јунајтед со 4:1 пробивајќи се на второто место на табелата.
Најдобар играч на мечот беше двојниот стрелец Јури Тиелманс. Белгискиот играч од средниот ред ги постигна вториот и четвртокот погодок за гостите, во 21 и во 90 минута, а меѓу стрелците се впишаа и Харви Барнс во 2 и Џејми Варди во 76 минута. За Лидс стрелец бепше Стјуарт Далас во 48 минута,
Лестер сега е втор со 15 бодови, бод помалку од водечкиот Ливерпул, а бод повеќе од третиот Тотенхем.
Во дербито на дното на првенствената табела Фулам на свој терен со 2:0 беше подобар од Вест Бромвич Албион кој по поразот падна во зоната на испаѓање, бидејќи во седумте кола забележа четири порази и три ремија, со кои е на 18-то место. Фулам, пак, со новите три бода односно првата првенствена победа има четири бодови и е место погоре.
Стрелци за Фулам беа Боби Рејд во 26 и Ола Ајна во 30 минута.