Австриската влада прогласи три дена жалост по терористичките напади во Виена во понеделникот вечерта во која се убиени четири лица, а од целиот свет пристигнуваат пораки за поддршка и сочувство.
„Нашите мисли и сочувства се со жртвите, повредените и нивните семејства во овој многу тешки моменти за Република Австрија“, изјави канцеларот Себастијан Курц пред седницата на неговата влада во вторникот.
Во терористичкиот напад во центарот на Виена кој траеше до доцна во ноќта, животите ги загубија две жени и двајца мажи, и еден од напаѓачите кои ги застрела полицијата. Петнаесетина лица се ранети, од кои седум се во животна опасност.
По нападот кој според сегашните сознанија бил изведен на шест локации во центарот на австриската престолниниа, на земјата не престануваат да ѝ пристигнуваат пораки на поддршка и сочувства од целиот свет.
Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека е шокирана од нападот во центарот на Виена, како и дека Германија ѝ изразува сочувство на соседна Австрија и дека стои покрај неа во борбата против „исламистичкиот тероризам“.
„Во овие ужасни часови кога Виена стана цел на терористичкото насилство, моите мисли се со австрискиот народ и силите за безбеднсот соочени со опасноста. Ние Германците сме солидарни со нашите австриски пријатели. Борбата против исламистичкиот тероризам е наша заедничка борба“, наведува Меркел во изјавата која на Twitter ја објави нејзиниот портпарол.
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, изјави дека „Европа силно го осудува овој кукавички чин кој не го почитува животот и ги крши нашите човечки вредности… Стоиме покрај Австрија“.
Рускиот претседател Владимир Путин, исто така, го осуди нападот во Виена и рече дека Русија е подготвена да ја зајакне антитерористичката соработка со Австрија, имајќи предвид дека во неговата земја минатата седмица беа спречени најмалку три обида за терористички напади. Во телегарамата испратена до канцеларот Курц, Путин го нарече нападот „свирепо и цинично злосторство“, соопшти Кремљ.
Американскиот претседател Доналд Трамп на Twitter го осуди „уште едниот грд терористички чин“ во Виена, додавајќи дека „нападите на злото“ мора да престанат,. „САД стојат крај Австрија, Франција и цела Европа во борбата против терористите, вклучително и радикалните исламистички терористи. Тие напади на злото врз невините мроа да престанат“, напиша актуелниот претседател и републикански кандидат ден пред изборите во САД.
Британскиот премиер Борис Џонсон рече дека е шокиран и дека Обединетото Кралство во мислите е со австрискиот народ. „Обединети сме со вас во борбата против теророт“, истакна.
Генерланиот секретар на ОН, Антонио Гутереш, исто така, најостро го осуди нападот. „Со сериозна загриженсот ги следам информациите за нападот во Виена, едно од нашите седишта на ОН. Најостро го осудувам нападот и повтроно ја потврдуван солидарноста на ОН со народот и владата на Австрија“, напиша челникот на светската организација.
Се огалси и демократскиот кандидат на американските претседателски избори, Џо Бајден, кој ги осуди „стравичните терористички напади“. „Сите мораме да застанеме против омразата и насилството“, рече Бајден.
Премиерот Наредреа Моди рече дека Индија „длабоко е шокирана и нажалена поради кукавичките напади во Виена. Индија е со Австрија во ова трагично време“, порача.
Нападот, исто така, остро го осудија и изразија солидарност со Австрија, и чениците на Израел, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Австралија, Канада и други.