Од денеска се закажува за брзите бесплатни тестови за Кковид-19, а за вчерашните тестирања ќе се враќаат парите

Здравствениот Дом Скопје во координација со Министерството за здравство минатата недела набави 4.000 брзи тестови за да им овозможи на пациентите достапно и брзо теститрање за ковид 19. Цената на овие тестови беше 1.000 денари, а термините се закажуваа телефонски преку Мој Термин, информира Министерството за здравство.

– По најновата информација дека е добиена донација во Министерството за здравство од страна на две компании од 13.000 тестови кои преку алгоритам на матичните лекари  ќе бидат бесплатно достапни за сите оние пациенти на кои ќе им биде потребно брзо тестирање, Здравствениот дом веќе договори со добавувачот да ги повлече претходно купените тестови и да се коритат само тестовите донирани од Министерството заздравство кои ќе бидат бесплатни за граѓаните. Закажувањето за овие тестови ќе започне од денес. Лицата пак кои беа тестирани во текот на вчерашниот ден ќе бидат повикани и средствата ќе им бидат вратени – велат од МЗ.

Здравствен Дом Скопје ја поздравува постапката за донирање на брзите тестови која ги опфаќа здравствените институции во целата држава. Како најголема здравствена институција, Здравствениот Дом Скопје активно продолжува во справување со борбата против вирусот ковид-19 со сите ресурси кои се на располагање на институцијата.