Поглаварот на ИВЗ, Шахир Фетаи го осуди терористичкиот напад во Виена и изрази сочуство до жртвите.
-Ја делиме болката со семејствата и целиот австриски народ и го осудуваме секој чин на насилство направен во име на исламот и муслиманите насочен кон одземање на човечки жртви, оштететување на верски објекти и терор на улиците на Европа што ќе ги разниша темелите на меѓуверската толеранција и ќе внесе недоверба во муслиманската заедница во целост-стои во реакцијата.