(ФОТО) „Реализиран“ проект на пресушеното Дебарско езеро

„Реализиран проект на власта фудбалско игралиште во Дебарско езеро, ако се наполни езерото ќе играте ватерполо, што не е јасно.
Фонд за иновации се слушаме?“, се шегува „корисник на социјалните мрежи во врска со пресушувањето на езерото.

Уште на почетокот од годинава кога вештачките акумулации во земјава започнаа да пресушуваат и да губат од својот воден потенцијал, граѓаните алармираат  нод од владата и тогаш и сега нема никави реакции.

По алармантната состојба со Преспанското Езеро, и вештачките акумулации во земјата ја губат водата.

Дебарско езеро или познато и како Шпиље, е вештачко езеро во западниот дел од Македонија, јужно од Дебар на местото каде што реката Радика се влева во реката Црн Дрим кај месноста Шпилски мост. Се наоѓа во близина на македонско-албанската граница. Има површина од 13,2 км², 92 м длабочина и надморска височина од 580 м. Се користи како акумулација за ХЕ „Шпиље“.

Езерото е создадено со подигање на брана во висина од 102 метри, која била градена во периодот од 1966 до 1968 година. Полнењето на акумулацијата завршило во 1969 година.

 

https://www.facebook.com/renoituloveR/posts/1111906899243423