Американските избори засега минуваат мирно

Носејќи маски и одржувајќи растојание, Американците во вторникот речиси од мугрите пристигнуваат на избирачките мест каде што чекаат во редици за да го дадат својот глас на прерседателските избор на коишто се борат актуелниот републикански претседател Доналд Трамп и неговиор демократски противкандидат Џо Бајден.

Маските и со даски заштитените продавници во центрите на многу градови се потсетник на двете теми кои доминираат на поларизираните кампањи пред изборите: пандемијата на короанвирусот, која и натаму ги поустоши САД, и протестите против полициската бруталнот и расизмот кои завршуваа со насилства, грабежи, судири со полицијата и неретко со убиства.

Службениците на избирачките места претпоставуваат дека редовите на многу гласачки кутии е покус отколку на минатите избори поради рекордниот број на оние кои гласале однапред, повеќе од 90 мииони пред вторникот, се потсетува во репортажата на Reuters.

Во Атланта, во сојузната држава Џорџија, гласачите на бирачките места стасале пред мугрите. Прва во редот на едно од нив од нив била Џини Хаус која и покрај студот чекала за да гласа за Бајден, поранешниот потпретседател во двата мандата на Барак Обама.

„Го загубив своето дописно гласачко ливче, а не сакам да ги пропушатам овие избоди“, рекла за Reuters Хаус, 22-годишна актерка и студентка по креативни пишување, која се вратила во Атланта од Њујорк само за да гласа. За Трамп рекла дека „ја дели државата“.

Во Хајалиа, доминатно кубанско-американско предградие на Мајами, 62-годишниот Маркос Антониот Валеро гласап за Трамп, како што тоа го сторил во 2016 година.

Открил дека земал слободен ден од својата градежна работа за лично да гласа, бидејќи не верува во гласањето преку пошта. Валери не сакал да предвидува за кој ќе гласа Флорида, една од сојузните држави во кои резултатите ќе бидат клучно за конечниот победник на изборите.

„Тоа е тајна, мистерија. Никој не знае како ова ќе заврши, додека тоа сите не го дознаеме“, рекол.

На гласачко место во Хјустон во Текса, Ендо Валадез свирел на дивачкиот инструмент шофар украсен со американското знаме. Шофар е рој кој се користи на еврејските и христијанските церемонии, а Валаде во овој случај се моли за победа на Трамп.

„Сакаме да се помолиме за праведни избори. Веруваме во Америка и сакаме сите да имаат сигурно искуство во гласањето“, додал овој 55-годишен вработен во маркетинг секторот.

 

Тензии од Тајм Сквер до Тексас

Американските невладини организации соопштија дека ги надгледуваат изборите поради можните случаи на заплашување на гласалите, а американското министерство за правосудство свои набљудувачи испрати во 18 сојузни држави.

Во Њујорк, каде што демократите се на власт важи за средина која е негативно расположена кон својот сограѓанин и милијардер сега американски претседател, поради наводни можни безредија заштитени се зградите како Емпаер Стејт, рговскиот центар „Macy“, па и облакодерот во кој е сместен телевизискиот канал Fox News кој важи за близок на републиканците.

На Родео Драјв, една од најскапите шопинг улиоци во калифорниски Беверли Хилс, испразнети се излозите на лускузните продавници на „Tiffany & Co.“ и на „Van Cleef & Arpels“.

Се надеваме дека ќе се покаже оти ова беше непотребно“, истакнала Кети Гоари, поптретседателка на локалниот совен на Родео Драјв, додека во понеделникот по локално време гледала како работниците ставаат тараби на продавнциите со скапи предмети.

Тензиите пред изборите се зголемиле ширум САД, Медиумите пренесуваа дека поддржувачи на Трамп наводно со камионети на автопат во Тескас опкружиле автобус на кампањата на Бајден. Полицијата во текот на викендот употребила лут спреј проти грипа на демократските поддржувачи која воинствено марширала кон гласачките места, а пред еден месец таму се појави конструкцијата дена паравоена група која воопшто е против владата на САД во која е обвинета за наводен план за киднапирње на демократската гувернерка на Мичиген.

Американските медиуми пренесуват дека подоцна во вторникот по локални време се планираат настани како оние на кои поборниците на Трамп со гласни каравани минуваат низ градовите. Демократите велат дека тоа може да ги исплаши гласачите и да доведе до насилни судири, но ваквите манифестации не се забранети со американските закони.

Најголема загриженоста и тензии сигурно ќе подигне и чекањето на резултатите од изборите, бидејќи оваа година ќе трае многу подолго поради гласовите испратени по пошта. Трамп и републиканците се противеа на демократското даворизирање на овој вид гласање кое го поттикнуваа со стравот од коронавирусот, посочувајќи дека тоа отвора можност за манипулирање, како и дека поради различните прописи од држава до држава во врска рокот кога гласачите може да го побараат гласачкото ливче и тоа да биде испратено, можно е во некои случаи да минат и неколку седмици.