
Македонија во ткн втор бран на епидемијата на коронавирусот секојдневно ги ниже „црните рекорди“ и според показатените има најлоши показатели во Европа, но тоа не е доволна причина лидерот на СДСМ, Зоран Заев, да се откаже од одржувањето на предвремените избори за градоначалник на Штип и Пласница, иако кампањата за нив е огромен потенцијален за уште пожестоко разгорување на заразите.
Доскорешниот прв човек на Штип, Благој Бочварски од СДСМ, сега е министер за земјоделство, а Исмаил Јахоски исто така од владејачката ДУИ, кој беше градоначалник на Пласница, беше избран за пратеник. Должноста градоначалник на Штип сега ја врши Јане Миланов, а на Пласниц,а Елсан Нурчески. Редовните локални избори во Македонија треба да се одржат следната година, наесен.
Императивот на Заев да се оди по секоја цена на овеи избори е многу провиден. Во услови на коронакризата, кога се планира четвртиот такнаречен пакет мерки за помош на стопанството и граѓаните, СДСМ сака уште еднаш да ја преслика ситуацијата од јулските предвремени парламентарни избори. Поточно, овој пакет мерки повторно да го искористи како суптилен поткуп на гласачите, и сѐ поголемата разочараност и кај неговите довчерашни гласачи и поддржувачи да ја амортизира, барем во партијата, со евентуална изборна победа.
Тоа, исто така, му е важно на Заев затоа што во јули резултатие покажаа дека ВРМО-ДПМНЕ има сѐ уште поголема поддршка кај гласачите. Од друга страна, пак, има намера преку медиумите што ги контролираат социјалдемократите да го дефокусира винамнието на јавноста од круцијалниот момент во надворешната политика со ултиматумот кој го наметнува Бугарија, во продолжувањето на евроинтеграциите на земјата.
„Ситуацијата е опасна по здравјето на луѓето, опасна по жителите на тие општини, дека не треба по секоја цена да се натпреваруваме и да победиме, и дека треба да се заштитат парите кои ги нема и да размислиме како ќе се однесуваме кон овие два процеси, истакна во вторникот претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисија “Клан дебата” на Клан Македонија телевизија.
Но Заев е подготвен да ризикува разгорување на епидемијата до невидени димензии, или народски кажано – да гази преку лешови за да го оствари своите цели и планови. А во Штип, како што е познато, СДСМ уште во јули вети формирање монтажен-ковид ценатар, бидејќи наголемиот болнички капацитет во градот служи за згрижување на пациенти од 14 околни општини,
А Штип со најновите податоци за 1.796 досега регистрирани случаи на коронаинфекции, од кои во моментов активни 346, а само во средаа 11 нови случаи на зараза и два смртни исхода, и претставува вистинска „темпирана борба“ кој може да биде детонирана во време на кампањата. Зашто епидемиолошките протоколи кои ги декларира владата и нејзината Комисија за заразни болести очигледно немаат никаков ефект. Во СДСМ тоа најдобро треба да го знаат, зашто по нивниот „витруелен“ конгрес ковид-позитивни беа повеќе политички и владини функционери.
На големиот здравствен ризик од одржувањето на изборите во Штип и Пласница од воој момент, предупредува и опозициската коалиција Алијанса за Албанците и Aлтернатива. Од таму сметаат дека „не е вистинско време за вонредни локални избори“, поради актуелната ситуација со епидмијата на коронавирусот во земјата.
Лекарот по професија, Арбен Таравари, кој беше министер за здравство од јуни до октомври 2017 година, кога неговата партија Алијанса за Албанците ја напушти владата предводена од СДСМ ваквиот чекор на власта го нарече „неразумен“.
„Мислам дека е многу неразумно во оваа економска криза и во оваа состојба на пандемија да се организираат вонредни локални избори на кои ќе бидат избрани градоначалници за мандат од десет месеци. Нека анализираат како може да им се продолжи мандатот на овие двајца градоначалници во Пласница и Штип може да биде продолжен за уште десет месеци, да не ги трошиме парите, па наместо на избори, да ги потрошиме на лекови или да направиме што повеќе тестови“, рече Арбен Таравари, АА-Алтернатива.
Реагираше и вонпарламентарната опозицска партија Глас за Македонија, која во средата објави дека се откажува од учество на изборите за градоначалник на Штип и порачуваат дека во сегашните услови „уште едни ‘корона избори’“ и се најмалку потрени на земјата и предупредуваат дека со ова се загрозува јавната здравствена безбедност и здравјето на поединците.
Појаснија дека нивната одлука е донесена поради тоа што „и еден изгубен човечки живот поради оваа сложена операција, ќе биде доволна причина да не влегуваме во опасна авантура“.
„Ако во јули годинава се велеше дека мора да се одржат предвремените парламентарни избори поради доаѓањето на вториот жесток бран на пандемијата, какво е оправдувањето токму среде тој бран да се одржуваат било какви избори?! Однесувањето на премиерот Заев, кој ‘мораше’ токму актуелен градоначалник да назначи за министер, го сметаме не само за неодговорно, туку и за директно загрозување на јавната безбедност“, се вели во соопштението за јавноста.
Споредбата токму со јулските избори, го поставува и прашањето на одговорноста која се поставува на министерот за здравство во вакви случаи. Но, според сѐ судејќи, несреќата на Македонија, не и единствената секако, е што на оваа позиција круцијална во ваква ситуација која земјата живее повеќе од половина година е поставен др Венко Филипче.
Настрана неговата стручност која несоменно ја поседува во потесната негова специјалност, но и премногу нагласена стана неговата по сѐ изгледа доминирачка карактерна особина – самобеднисаност. Која му ја потхрануваат платените партиски ботови на социјалните мрежи, целосно утнатиот пиар пристап во кризата – наместо свртен кон промоција на мерките целосно насочен кон правење своевидна медиумска фигура од него. Таквиот пристап доведе да навредува јавно и колеги кои се токму специјалисти за криза како актуелната и да се претстави себеси не како стручњак во медицината, туку како политикант во служба на интересите на надредените.
Филипче во мај истакна дека „Македонија ги живее последните недели на епидемијата“. Уште малку фалеше како црногорскит колеги да ја прогласи земјава за „корана фри“. А Црна Гора сега е најдобриот/ најтрагичниот показател што значи ваквиот пристап. Реалноста не само што е поинаква, туку е драматично погубна по населението и во оваа земја и во Македонија.
И по ваква изјава се недвосмислено се наметнува дилемата дали министерот Филипче треба да го промени тимот за пи-ар, или Комисијата за заразни болести или, пак, да си даде оставка. Но, јавноста сѐ повеќе се осведолчува дека Филипче нема доблест за таков потег, а веројатно и на крајот од умот му е да почувствува каква и да е одговорност. Зашто народото е виновен, кога веќе го нема дежурниот виновник во првиот бран Наќе Чулев.