Видео доказот покажува дека напаѓачот во Виена дејствувал сам, Словаците јавиле дека се обидел да купи муниција

Видео доказот потврдува дека напаѓачот кој во понеделникот вечерта во ценатарот на Виена уби четири луѓе дејствувал сам, изјави во средата австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер познавајќи дека можеби имало пропусти во комуникациите во врска со дојавата на словачката разузнавачка служба.

Нехамер на прес-конференцијата рече дека имало проблеми во постапувањето на Австрија со информацијта која ја дојавила словачка откако напаѓачот се обидел таму да купи муниција.

„Очигледно нешто тргнало наопаку во комуникацијата која следела“, рече австрискиот министер за внатрешни работи и притоа повика на формирање независна комисија која би ја истражила работата на австриската разузнавачка служба.

Нехамер изјави дека напаѓачот кој беше убиен во престрелка со полицијата, „совршено“ ја измамил програмата за реинтеграција на џихадистите во општестовот. Како што беше претходно објавено дој во февруари 2019 година бил осуден на 22 месеци затвор поради обид да отпатува во Сирија да ѝ се приклучина Исламската држава, од кој е ослободен условно во декември истата година затоа што учествувал во програмата за дерадикализација.

Австриските власти уапсија 14 лица во врска со нападот. Сите се на возраст меѓу 18 и 28 години и, како и убиениот Кујтим Фејзулаи чие семејство е по потекло од Македонија и имал и австриско и македонско државјанство, имале мигрантско потекло. Некои од нив имале странско државјанство.

Претходно во средата словачката полиција соопшти дека пред неколку месеци ги предупредила австриските власти дека 20-годишниот Кујтим Фејзулаи се обидувал во соседната земја да купи муниција.

„Словачката полиција ова лето била известена за сомнителни лица од Австрија кои се обидуваат да купат муниција во Словачка. Сепак, тие не успеале да го завршат купувањето“, објави управата на полицијата на словачката престолнина Братислава.

Исто така, се наведува века извештајот за тоа веднаш бил проследен до австриската полиција.

Виена е на еден час возење од словачката граница и престолнината Братислава.

Оружјето кое е употребено во нападот во Виена, пиштол и јуришна автоматска пушка, не потекнуваат од Словачка, се додава во објавата на братиславската полциија.

Оружје кое е регистрирано во Словачка во повеќе наврати е пронајдено на местата на терористичките напади и други кривични дела извршени во Европа, и покрај тоа што словачките власти во 2015 година ги заострија законите за да го спречи илегалното тргување со оружје.