Трамп објави победа во четири клучни држави, неговиот адвокат ќе ги бара „мртвите души“ кои гласале

Исходот од американските претседателски избори и натаму не е јасен, додека се очекуваат резултатите од неколку сојузни држави а и двата кандидата тврдат дека обезбедиле доволни електорски гласови за конечна победа.

Откако телевизиите CNN и NBC објавија дека демократскиот кандидат победил во Мичиген, со што би дошол до 264 електорски гласови од потребните 270, актуелниот републикански претседател објави дека победил во сојзните држави Пенсилванија, Северна Каролина, Џорџија и „веројатно“ во Мичиген.

„Објавивме за електорските гласови што ги освоивме во Пенсилванија, каде што не ги пуштаат легитимните набљудувачи, во Џорџија, Северна Каролина, каде што секаде има големо водство на Трамп. Покрај тоа, прогласуваме победа во државта Мичиген, иако имаше голем број тајно ставени гласачки ливчиња, како што е широко објавено“, напишта Трамп на Twitter.

Според независните извори, во Северна Каролина и Џорџија во водство е Трамп, а во Мичиген е Бајден. Во Пенсилванија води Трамп, но разликата во однос на Бајден се намалува. Пребројувањето на гласовите продолжува. Неофицијалните резултати покажуваат и победа на Бајден во Висконсин, а демократот веќе порача дека е „јасно“ оти ќе ги добие потребните 270 електорски гласови.

Но, сепак, засега нема јасен победник во Мичиген, кој обезбедува 16 електорски гласови. Бајден, кој се наоѓаа во оваа сојузна држава има мала предност пред Трамп, чиј изборен штаб исто така побара ново пребројување во Висконсин, каде што Бајден исто така има мала предност.

Но доколу се остварат најавите на Трамп за победа во Пенсилванија, Џорџија и Северна Каролина, заедно со Невада, тоа би го обезбедило неговиот нов мандат во Белата куќа.

Но во Пенсилванија и Невада најавуваат дека на резултатите ќе треба да се почека до четврток или петок, поради големиот број сѐ уште непреброени гласачи ливчиња кои треба да стасаат по пошта. Во источната сојузна држава со многу електорски гласови води Трамп и таму демократите се надеваат на гласовите по пошта, а во Невада тесно водство има Бајден.

Изборниот штаб на Трамп вложи жалба на Апелацискиот суд за да го прекине пребројувањето на гласовите во важната држава Пенсилванија, иако е во предност според прелимирните резултати.

„Очите на сите во земјата се вперени во Пенсилванија, но Пенсилванија ги брои ливчињата испратени по пошта скриено од погледите (на набљудувачите) и тоа мора да престане. Се обративме до судот за да го прекинеме пребројувањето очекувајќи поголема транспарентност“, напиша претставникот на кампањата на Трамп, Бил Степиен во соопштение за јавноста.

Адвокатот на Трамп, поранешниот њујоршки градоначалник Рудолф Џулијани вети дека ќе трага по „мртвите души“ во Пенсилванија, конкретно во градот Филаделфија.

„За жал, жалам што го говорам ова за мојот роден град. Филаделфија има репутација на град со изборни измами. Имавме на увид список со мртви луѓе кои гласале и ќе разгледаме колку мртви гласале на овие избори“, рече Џулијани.

Изборниот штаб на Трамп и од судот во Мичиген побара прекинување на пребројувањето на гласовите.

„Поднесовме тужба пред Апелациониот суд на Мичиген за да се сопре пребројувањето на гласовите сѐ додека не ни се овозможи соодветен пристап. Исто така, побаравме повторно да се проверат сите ливчиња кои веќе се преброени додека немавме пристап“, се наведува во соопштението.