
Фудбалерите на францускиот шампиони Пари Сен Жермен во средата беа поразени во средата во Лигата на шампионите кај РБ Лајпциг со 1:2, но дека тоа нема да биде добар ден за парижаните покажал и фактот дека дури десет играчи пред самиот натпревар останале речиси цел час заглавен во лифт
Инцидентот се случил во лифт во хотелот во Лајпциг, а малерот го откри на својот инстаграм профл Леивен Курзава. Фудбалерите останале заглавени во лигот 50 минути пред да бидат извлечени од пожарникарите.
Според Курзава, во лифтот останале заглавени Кимпембе, Паредес, Ди Марија, Маркињос, Фадига, Диало, Гуеје, Моаис Кин, Дагба и Руиз, од кои шестмина настапија на мечот.
За жал на „Светиците“, без најголемите ѕвезди Нејмар и Мнбапе, фудбалерите „се заглавија“ и на самиот натпревар. Германскиот претставник им го нанесе веќе вториот пораз во првите три кола од Лигата на шампионите, па сега во опасност го доведоа и минувањето на групната фаза.
La moitié de l’équipe du PSG bloquée dans un ascenseur !#teampsg #psg
— Paul Vexiau (@PVexiau) November 3, 2020