(ФОТО) ВМРО-ДПМНЕ положи цвеќиња пред Владата за починатите од Ковид-19

Граѓаните положија цвеќиња пред Владата како знак на почит спрема починатите од Ковид-19.

ВМРО-ДПМНЕ како организатор на протестот истакнува дека министерот за геноцид Филипче не е способен да ги заштити граѓаните. 12.762 активни случаи од Ковид – 19 ја потврдуваат негрижата на Филипче за граѓаните.

Најголемата опозициска партија ВМРО ДПМН побара оставка од министерот за здравство Венко Филипче, кој, заедно со претседателот на Владата Зоран Заев ги сметаат за најголеми виновници за смртта на 1.071 починат пациент од ковид-19 во Македонија.

Во знак на сеќавање на починатитепациенти, ВМРО ДПМНЕ остави 1.071 каранфил пред Владата.

-Секојдневната бројка на новозаразени и починати од КОВИД-19 алармира дека министерот за геноцид Филипче не е способен да ги заштити граѓаните. 12.002 активни случаи од ковид– 19 ја потврдуваат негрижата на Филипче за граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека 1.071 починат не е само бројка, се работи за човечки живот, и затоа побара ведаш оставка од Филипче.

Време е граѓаните да се заштитат од штетните политики на Венко Филипче, велат од ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните на Република Македонија не го заслужуваат ова. Тие заслужуваат подобар и поквалитетен живот.