
Повеќе лица се повредени во четвртокот вечерта во центарот на словенечката престолнина Љубљана во судирот на полицијата со противниците на владините епидемиолошки рестрикции поради епидемијата на коронавирусот.
Непријавените протести беа организирани преку социјалните мрежи од групата којашто се нарекува „Аномимус Словенија“, од чиишто акции и делување претходно се дистанцираа малубројните групи кои веќе неколку месеци во петок попладне бараат оставка од владата на ткн „велосипедски протести“.
Во ценарот на словенечката престолнина прво доцна попладнето се собрале неколку стотина луѓе, па и поединци кои на полицијата која го штитеше просторот околу парламентот ѝ свиркаа и извикуваа навредливи пароли, а имаше и фрлање пиротехнички средства, според снимките кои ги емитуваа словенечките електронски медиуми.
Полицијата на тоа одговори со водени топови врз демонстрантите, а потоа попладнето над центарот на градот се појави хеликопетер.
На местото не безредијата се појави и министерот за внатрешни работи, Алеш Хојс. Тој на новинарите ги извести новинарите дека за немирите и полицајците кои при интервенцијата биле повредени, се виновни и некои медиуми кои водат кампања против владата и нејзините одлуки, како и дека група хулигани ги нападнале и припадниците на специјалната полициска единица и полицијата на коњи.
На безредијата во Љубљана на Twitter реагираше и премиерот Јанез Јанша, и наведе дека физичкото насилство и нападите врз полициските службеници секогаш значат криминален чин и оти ќе бидат казнети.
Според словенечките медиуми, хулиганските напади врз полицијата ги организирале ткн „антифа“ здруженија, односно екстремната левица.
Службената новинска агенција STA пренесе дека полицијата квечерината ги потиснала учесниците на протестот, и систематски ги празнела улиците во центарот на градот. На местото на безредијата имало и оштетување на градската инфраструктура, но засега штетите не се проценети. Агенцијата јавува и дека неколку лица завршиле во болница.
FORO
Nenavadno je, da ni prenosa v živo na RTV Slovenija ali 24ur. https://t.co/9MtxlOte9w
— Libertarec (@Libertarec) November 5, 2020
Nenavadno je, da ni prenosa v živo na RTV Slovenija ali 24ur. https://t.co/9MtxlOte9w
— Libertarec (@Libertarec) November 5, 2020