Во третото коло од групната фаза на Лига Европа, одиграно во четвртокот вечерта епитетот изненадување на вечерта го поделија Лил и прашка Славија кои остварија убедливи гостински победи кај фаворизираните Милан односно Селтик во Групата Х.
Милан го дочека Лил како лидер во италијанското првенство и лидер во Групата Х, но францускиот тим пружи одлична партија победувајќи со 3:0. Херој на Лил беше Јусуф Јазичи кој ги постигна сите три погодока, во 22 минута до пенал, како и во 55 и 58 минута. Во бледата игра на „Росонерите“ се вклопи и ветеранот Златан Ибахимовиќ кој во 61 минута беше повлечен од игра.
Во вториот натпревар од оваа група Спарта од Прага во Глазгов го декласираше Селтик со 4:1. И на овој дуел гостински играч оствари хет-трик, Лукас Јулиш беше прецизен во 26, 45 и 77 минута а за гостите погоди и Ладислав Крејчи во 90 минута, додека домашните само намалија на 1:2 во 65 минута преку Грифитс.
На табелата во Групата Х водин Лил со 7 бодови, Милан има 6, Спарта 3 а Селтик еден бод.
Во Групата Г, АЕК по двата воведни порази, со 4:1 оствари гостинска победа кај Зарја. За грчкиот претставник погодина Танковиќ во 7, Менталос во 34, и Марко Ливаја во 54 и 81 минута, додека почесниот погодок за украинскиот тим го постигна Корчегин во 81 минута.
Во вториот натпревар од истата група Лестер Сити со 4:0 беше убедлив против Брага. Два погодока постигна Келечи Ихеначо во 21 и 48 минута, а по еден Прат и Медисон во 67 односно 78 минута.
На табелата на Групата Г во водство е Лестер Сити со сите 9 бодови, Брага има 6, АЕК има 3 а Зорја е без бодови.
Во Групата Ј, Антверпен дома загуби од ЛАСК со 0:1, а решавачкиот погодок го постигна Егештејн во 55 минута.
Во вториот меч Тотенхем на гостувањето го победи Лудогорец со 3:1, а Жозе Мурињо не дозволи ново изнанадување откако „Спарс“ во претходното коло беа поразени во Белгија.
Овојпат неговите играчи сериозно му пријдоа на мечот , а головите го постигнаа Хари Кејн во 13, Лукас Моура во 31 и Ло Селсо во 62 минута, додека за домашните погоди Кесери во 50 минута. За Кејн ова беше 200-от погодок во 300-от меч за Тотенхем
На табелата во Групата Ј, Ројал Антверп, Тотенхем и ЛАСК имаат по шест бодови a Лудогорец е без бодови.
Во Групата Л белградска Црвена ѕвезда на својот стадион „Рајко Митиќ“ извојува вредна победа птотив белгиски Гент, кој настапи без неколку иргачи од првата постава но сепак со солидни замени. За Ѕвезда стрелци беа Гуелор Канга во 12 и Александар Катаи во 59 минута, а во 31 минута израмни Вади Оџиџа-Офое.
Хофенјам, пак, со 5:0 го декласираше Слован Луберец, со погодоците на Дабур во 22 и 29, Грилитч во 59 и Адамјан во 71 и 76 минута.
На табелата во групата Л Хофенхајм има максимални 9 бодови, Црвена ѕвезда има 6, Слован има 3 а Гент е без бодови.