
Припадници на Еулекс вршат претрес во куќата на довчерашниот косовски претседател Хашим Тачи, јавуваат приштинските медиуми.
Тачи од четвртокот се наоѓа во притвор во Хаг, откако му беше потврдено обвинението од страна на Специјалниот суд.
Тачи и поранешниот претседатело на косовскиот парламент Кадри Вејсели и други осомничени се за воени злосторства во Косово, меѓу кои и речиси за 100 убиства.
Жртви на кривичните дела од обвинението се стотина лица чиј идентитет е познат и меќу кои се косовски Албанци, Срби, Роми и лица од други националности, како и политички противници, соопшти претходно Специјалното обвинителство.
Од мисијата на Еулекс која дава логистика и оперативна поддршка за апсење обвинети. вчера порачаа дека секој кој сторил криични дела треба да одговара, а судењето да биде чесно.