Акупунктура третман во „Синерџи“ – Намалување на болката со игли и допир

Акупунктурата се користи за намалување на болката, за лечење на заболувањата, но и за нивната профилактика. Со неа се лекуваат како  хронични заболувања така и акутни заболувања.

Акупунктурата која во Кина се практикува како традиционален начин за лекување и правилно насочување на енергијата во организмот, со векови е лек за секаква болест. Од 1980 година, поддржана е и од Светската здравствена организација.

Покрај тоа што помага во лекувањето на голем број болести, го зацврстува имунолошкиот систем, а се претпочита и за ослободување на организмот од болести предизвикани од стрес.

Oваа метода која успешно се применува и во спортскиот центарСИНЕРЏИ“, ја изведува Надица Ристова, физиотерапевт со 10 годишно искуство и со специјализазија за акупунктура и акупресура.

„Поминаа четири години од кога го завршив првиот курс по медицинска акупунктура (Dry needling), како лице за односи со јавноста во Здружението на физиотерапевти на Р.М., организиравме курс во кој повикавме интернационален предавач од тренинг центар од Лондон (OMT Training), тогаш прв пат се стекнав со интернационална лиценца. Веднаш по завшувањето почнав да ја практикувам техниката, бев фасцинирана од фактот како функционира и колку брз резултат дава на трауми и одредени заблувања. Вториот курс беше нешто по длабински и можам да кажам дека тука ја открив мојата вистинска љубов кон алтернативната медицина, односно, акупунктурата. Благодарение на МОК кои беа иницијатори да  продолжам со мојата едукација во однос на тоа поле, ми овозможија да го посетам курсот  по Dry needling and Traditional Chinese Acupuncture во Софија ( Бугарија) кој беше одржан од иминентно име во таа област Steve Bailey од Лондон и се здобив со втората интернационална лиценца. Овие два курса само ми ја зголемија желбата за нешто ново и речиси непознато во нашата држава. Морав да напоменам “НЕПОЗНАТО”  бидејќи најчесто поставувани прашања ми се : “Што значи акупунктура, како се применува, дали е болна процедура, за што помага?’’. Работев скоро три години кога решив да навлезам целосно во суштината на Традиционалната Кинеска Медицина и да се запишам на специјалистичките студии во Софија. Главен предавач ми беше една прекрасна професорка (со долго годишно предавачко искуство во универзитетите во Кина) Зоја Горанова. Студиите траеја година и пол и исто така  добив огромно искуство во практичниот дел кој сега веќе го применувам на моето работно место во Синерги Фитнес и Спа и добив интернационална диплома која ми е подржана од International College-Jiangxi University of Chinese Medicine, China“, посочува Ристова.

Кинеската медицина има долгогодишна историја. Првите информации за акупунктурата (иглотерапија) и мокситерапија што доаѓаат во Европа се во XIII век преку мисионерите и трговците. Но конечно во 50-тите години на XX век тие две методи на лечење започнуваат да се разработуваат на научни основи. Малку покасно во 70-тите години, тие стануваат популарни по целиот свет, дури и во некои држави се една од најбитните алки од терапевските методи кои се употребуваат за различни заболувања.

Официјално призната метода за физикална терапија

Денес кинеската традиционална медицина е призната во 120 држави како алтернативна медицина. Нејзите методи се користат, изучуваат и практикуваат во САД, Мексико, Великабританија, Франција, Германија, Австрија и многу други држави. Во многу универзитети и институти се изучува сериозно и задлабочено. Во државите каде акупунктурата е официјално призната метода на физикална терапија во кои се обединети специјалисти во таа нова научна област , создадени се и интернационални организации како International Society of Acupuncture, International Acupuncture Association for Physical Therapists и др.

Интензивните научни истражувања во областа на теоријата и практиката на кинеската традиционална медицина докажува дека преку акупунктурата се постигнува хармонија меѓу физичкото тело (ЈАН) и психичката активност (ИН) со цел физичко и духовно просветлување на човекот, профилактика на неговото здравје, при заболување-оздравување и закрепнување.

 

Акупунктурата се користи за намалување на болката, за лечење на заболувањата, но и за нивната профилактика. Со неа се лекуваат како  хронични заболувања така и акутни (остри) заболувања. Акупунктурата исто така помага за регулирање на функцијата на внатресните органи и на имунолошката резистентност, за намалување на температура, за подобрување на закрепнувањето на организмот и за подобрување на имунитетот.

Акупунктурата е метод на убод со игла во телото, различни по форма, големина и дебелина. Дожината варира од 13mm-150mm, а дебелината од 0.23mm-0.45mm.

Техниките на бодење во насоки можат да бидат различни, перпендикуларно односно под 90 степени, 45 степени и 15до 25 степени.