Уставниот суд го одложи одлучувањето за членот 11-а од Законот за помилување

Уставниот суд го одложи одлучувањето по иницијативата за оценување на уставноста  на членот 11-а од Законот за дополнување на Законот за помилување од 2016 година.

Иницијативата беше поведена за да се разреши дилемата дали поранешниот претседател Ѓорге Иванов можел да го повлече помилувањата за 56 лица во 2016 година, повеќето опфатени во предметите на поранешното Специјално јавно обвинителство.

Судијата Осман Кадриу побара пред да се одлучува по оваа точка одново да се расправа за што доби поддршка од тројца судии.

Овој член од Законот предвидува претседателот на Републиката да го поништи помилувањето дадено без претходна постапка за помилување во рок од 30 дена од денот на донесувањето на овој закон, при што претседателот не е должен да ја образложи одлуката.