
Здружението на оштетени штедачи објави дека ќе бара уште едно официјално одложување на првото стечајно рочиште за Еуростандард Банка, предвидено за денеска, со цел Уставниот суд да се изјасни во врска со поднесената иницијатива за поведување на постапка за оценување на уставноста и законитоста на членот 163 став 3 од Законот за Банки.
Со иницијативата на Здружението, поднесено е и посебно барање за изрекување на привремена мерка со која ќе се сопрат од извршување сите подзаконски акти, како и сите дествија преземени од Законот за Банки, па се до конечната одлука која ќе ја соопшти Уставниот Суд.