Бајден очекува победа со над 300 електорски гласови

Демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден доцна ноќта во петокот по локално време ѝ се обрати на јавноста од Вилмингтон велејќи дека е на пат да освои и над 300 електорски гласови и оти ќе победи со „јасно мнозинство“.

„Сѐ уште немаме конечна објава на победата, но бројките ни кажуваат за јасна и убедлива приказна. Ќе победиме во оваа трка“, рече Бајден, придружуван на говорницата од кандидатката за негова потпретседателка, сенаторката Камала Харис.

Додека продолжува пребројувањето на гласовите, а победникот во претседателската трка сѐ уште не е прогласен, Бајден истакна дека има предност во Пенсилванија, Џорџија, Аризона и Невада и дека е на пат да освои повеќе од 300 електорски гласови.

За победа се доволни 270 електорски гласови, а Бајден во моментов води со 264 наспроти актуелниот републикански претседател Доналд Трамп со 214 гласови.

Според последните податоци од гласачките места, во Пенсилванија, којашто носи 20 електорски гласови Бајден во моментот води пред Трамп со 28.833 гласови, во Џорџија со 16 електорски гласови води со 4.395 гласачки ливчиња, во Невада која дава 6 електорски гласови за 22.657 поединечни гласови, а ао Аризона со 11 електорски гласови води со 29.861 глас.

Бајден повика на трпение. „Мораме да останеме смирени и да дизволиме процесот да се одвива. Вашиот глас ќе биде важен, не се грижам колку луѓе се напнуваат да го запрат гласањето, нема тоа да го дозволам“, рече.

Бајден тврдеше дека 74 милиони гласачи, што е најмногу во историјата на САД, му го дале мандатот за акцијата по прашањето на пандеијата на коронавирусот, економијата, климатските промени и системскиот расизам.

Осврнувајќи се на актуелната политичка ситуација, Бајден тврдеше дека се присутни големи тензии по тешките избори, со што призна дека постојат големи поделби во САД поради коринавирусот, економската криа и тешката претседателска кампања.

Ги повика Амерканците зад себе да ги остават гневот и демонизацијата кон неговиот противник. „Имаме сериозни проблеми, не треба повеќе да губиме време на партиски војни. Противници сме, но не сме непријатели“, порача Бајден.