Окрупнување на опозицијата, СДСМ и ДУИ инсистираат на избори со кои се загрозува здравјето на граѓаните

Во време кога Македонија секојдневно урива рекорди според бројот на починати и заразени од коронавирус, само на СДСМ и ДУИ инсистираат на избори користејќи ги повторно маханизмите за суптилен поткуп на гласачите како на јулските предвремени парламентарни избори, преку мерките за финансиска поддршка во кризата предизвикана од коронакризата.

Катадневните стории од болниците и показателите кои ги соопштува министерството з здравство за бројот на дневно заразените и починати од коронавирусот предизвикаа македонските граѓани да живеат во паника. Но власта водена од своите тесногради политички амбиции, се чини, уште повеќе ја зголемува збунетоста кај надорот.

Од една страна, Владата бара почитување на строги мерки во споравувањето со ширењето на коронакризата со ограничување на посети во домовите и групирања на јавни места, па дури бара и воведување виртуални линковски одржувања на седниците на собранитет. А, истовремено, уверува дека изборен процес кој претпоставува партиска кампања, средби на гласачи и, во крајна линија, масовно излегување на избирачите места би бил епидемиолошки безбеден. Оттаму сам посебе се наметнува заклучокот дека Заев и Ахмети бескупулозно ги туркаат граѓаните, па и своите приврзаници во уште поголем ризик  и во ваква опасна ситуација да го стават партискиот интерес пред здравјето на секој поединец.

Но, СДСМ и ДУИ остануваат осамени во намерата за корона избори во Штип и Пласница. Но додека владејачките партии инсистираат на ризични корона-избори, во опозицијата се случуваат големи промени.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, прави опозициски блок. Пред четири години можеби беше незамисливо да се случи тоа, но сега претседателот на ВМРО-ДПМНЕ седи на маса со лидерите на најголемите албански опозициски партии и тоа под покровителство на германска фондација.

Најавената средба меѓу опозициските лидери Христијан Мицкоски, Зијадин Села и Африм Гаши вчера се оствари  во хотелот „Хилтон“ во Скопје.

Иако е рано да се зборува за повеќе детали, неспорно е дека приближувањето на македонско-албанската опозиција оди кон профилирање на политичката сцена во земјата.

Кон ВМРО-ДПМНЕ се приклучија и партиите Интегра и Фродем. Опозицијата станува крупна и силна. Мицкоски ги обедини овие две партии кон најголемата опозициска коалиција.

СДСМ и ДУИ останаа осамени во идејата за ризични корона избори во Штип. Освен ВМРО-ДПМНЕ, овие избори ги прогласија за голем ризик и истакнаа дека нема да учествуваат во нив партиите: Алијанса за Албанците и Алтернатива, Левица, Глас за Македонија и Единствена Македонија.