Приведени дилери на дрога од Албанија, запленета марихуана

Две млади лица од соседна Албанија се приведени во петокот во Гостивар, откако кај нив е откриена марихуана подготвена за илегална препродажба во земјава, извести министерството за внатрапни работи.

Во петокот од страна на полициски службеници од ОВР Гостивар, на улицата „Боге Велјановски“ во Гостивар бил извршен преглед кај двајца албански државјани, при што била пронајдена торба со два килограми марихуана.

При обид за нивно легитимирање, албанските државјани физички ги нападнале полициски службеници, спречувајќи ги во вршење на службени дејства. Од страна на полициските службеници бил лишен од слобода 21- годишниот С.Џ. од албаскиот град Пешкопеја, додека 19-годипниот М.А., исто така од Албанија, се дал во бегство.

По засилени мерки и активности преземени од полицски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, во соработка со СВР Тетово и СВР Охрид бил пронајден и лишен од слобода и М.А., а дополнително била пронајдена уште една полиетиленска ќеса со марихуана.

По целосно документирање на случајот против двајцата ќе биде поднесен соодветен поднесок.