Со свој камен по своја глава: Ковачев го потсети Димитров што пишуваше неговиот татко за македонско-бугарските односи

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, кого во Софија го доживуваат како „најголемиот“ познавач на македонско-бугарските односи, во саботата го потсети поранешниот шеф на македонската дипломатија Никола Димитров и сегашен вицепремиер за евопски прашања, на книгата „Името и умот“ на неговиот татко Димитар Димитров објавена 1999 година како тогашен министер за култура цитирајќи делови од неа.

Во цитираните делови од книгата на Димитров постариот на кои посочува бугарсскиот европратеник, имено се наведува на дека „најголемиот грев“ на Македонците било што „беа Бугари, а што Европа преку Грција и Србија не им дозволи да продолжат тоа да бидат….“ и оти „од Груев до Мисирков, од Христо Узунова до Стојан Мишев, од Шарло и Ченто до Колошевски и Глигоров, крвари драма, се черечи еден народ“.

Ковачев го посочува и делот во кој се изнесува мислењето дека македонската нација „како сума и актуелен чин од таа драма“, нема причина да се среми од себеси „од дванесетвековната етнофобија под ‘номиналната ознака’ Бугари“, туку дека „срамот ѝ припаѓа“ на Европа и на другите големи сили, и притоа се дава факсимил од текстот во кој е цитатот според кој суштината на македонската борба е „отпор кон денационализацијата (…) Македонците требаше да се борат за да спасат себеси како Бугари“.

Ракцијата на Ковечаев доаѓа ден откако Никола Димитров во телевизиско интервју ја критикуваше позицијата на Бугарија за блокирање на почетокот на преговорите на Македонија за членство во ЕУ. Како што забележува агенцијата Бгнес, која го пренесува ставот на бугаскиот европратеник, вицепремиорот Димитров користел „недипломатски јазик, што е апсолутни неприфатливо за земја кандидат за почнување на преговорите за членство во ЕУ“.

Ова уште еднаш ги побива тврдењата, или очекувањата на Димитров и неговиот шеф Зоран Заев, дека тавовите на Софија ќе омекнат и со посредство на Брисел. Покрај тоа, контрадикторни се и тогашните и сегапните инсистирања на Димитров кој во 2017 година учествуваше во потпишувањето во Договорот за добросодство со Бугарија, бил „најдобриот можен“ за Македонија. Суштината на потпишаното сега излегува на виделина, што впрочем и се случи и со договорот со Грција со кој беше променето уставното име на земјата.

Имајќи го ова трагично искуство од постигнувањето на договорот со Грција, зачудуваат убедувањата на Заев и Димитров дека „црвените линии“ се македонскиот идентите и јазик, што токму се предмет на ултиматумот од Софија за „историско дообјаснување“.