Лукашенко отвори нова нуклеарка, соседите загрижени

Белорускиот претседател Александр Лукашенко во саботата ја отвори новата нуклеарна централа за производство на електрична енергија, на што се спротиставуваат соседните земји членки на Европската унија поради наводни безбедносни загрижености.

Нуклеарната централа крај градот Остравце ја изгради руската компанија „Росатом“, со финансирање преку руски кредит од 10 милијарди американски доларо. На тоа силно се спротистави Литванија, вечниот регионален противник на Белорусија и Русија, чиј главен град Вилнус е оддалечен 50 километри од централата.

„Ова е историски момент. Земјата ќе стане нуклеарна сила. Нуклераната централа Остравце претставува нов чекор во иднината и гарант за енергетската сигурност на земјата“, изјави белорускиот претседател Лукашенко.

Белорусија ја стави во погон централата претходно оваа седмица, поради што Литванија мораше да ја запре трговијата со енергија од оваа соседна земја. Летонија, пак, во четврокот објави дека повторно започнала да увезува енергија од Русија, што беше сопрено поради загриженоста дека дел од струјата е произведен во електраната Остравце.

Белурската опозиција поддржувана од Западот, исто така, го критикуваше градењето на централата, поради последиците од нуклеарната катастрофа во 1986 година во Чернобил. Но таа се слули во соседна Украина, во времето на СССР.

Андреј Саниог, еден од члениците на белоруската опозиција, кој беше затворен кога во 2010 година се кандидираше за претседател против Лукашенко на Twitter напиша, како вообичаено забележуваат светските медиуми, без да изнесе ниеден доказ, дека централата е „геополитичко оружје“ на Лукашенко и Кремљ приотив Европската унија и оти е „радиоактивна опасност за Белорусја и Европа“.

На овие критики Лукашенко возврати дека тие се должат на фактот дека Белорусија станува конкурент на западните земји во сферата на производство и трговија со електрична енергија.

„Од Европската унија поттикнуваа на тоа дека централата не е безбедна, била таква и таква. А зошто? Затоа што денес ние сме конкуренти на западните земји, ним им пречи централата, како што им пречи мирна и стабилна Белорусија“, рече Лукашенко.

Посочи дека во периодот кога во Литванија, која е најгласниот противник на белоруската нуклеарка, функционирала тамошната нуклеарна централа во Ингалинск, Белорусија никогаш не го критикувала тоа. Дури, како што рече Лукашенко, Минск по нејзиното затворање ја понудил можноста некои од тамошните стручњаци кои останале без работа да бидат преземени во белоруската нуклеарна централа. Сегашните критики од Вилнус, белорускиот челник ги припиша на „надворешните притисоци“.

Истакна дека Белорусија ја изградила централата во Островец „во согласност со одлуката донесена во национален интерес“ и ја истакна безбедноста на постројката „што беше потврдено со мислењето на меѓунардонтие експерти“.