
Објавениот американски претседател Џо Бајден во понеделникот го соопшти составит на работната група здравствени стручњаци кои че го испланираат одговорот на неговата администрација на пандемијата на коронавирусот.
„Справувањето со пандемијата е една од најголемите борби со кои нашата влада ќе се соочи, а ќе ја слушаме науката и стручњаците. Работната група ќе помогне во обликувањето на мојот пристап на бројот на новозаразени, осигурување дека вакцините се сигурни, ефикасни, праведно дистрибуирани и бесплатни, како и да се заштитат високоризничните групи“, додаде Бајден.
Со групата заеднички ќе претседаваат Вивек Марти, првиот човек на американското јавно здравје во мандатот на претседателот Барак Обама, кого претседателот Доналд Трамп го смени од должноста, и поранешниот шеф на Агенцијата за храна и лекови (FDA), Дејвид Кеслер.
Марти е познат по тоа што беше меѓу првите критичари на пристапот на Трамп на справувањето со пандемијата. Бајден, исто така, го критикуваше републиканецот за неговиот пристап кон здравствената криза.
Меѓу членовите на ова тело е и Рик Брајт, стручњак за вакцини и поранешен шеф на телото за Биомедицински развој и напредно истражувањњ. Тој се жалеше дека бил наводно распределен на пониска должност затоа што се спротиставувал на политичкиот притисок да се дозволи широка употреба на хидроксихлорокин, лекот против маларија во борбата против коронавирусот. Во почетокот на кризата многу лекари ја истакнуваат значајноста на овој препарат, што го прифати и претседателот Трамп, но подоцна здравствената заедници и СЗО оценија дека лекот не е ефикасен против Covid-19.
Досегашниот шеф на работната група за борба со коронавирусот, др Ентони Фаучи, не е именува во телот на Бајден.
САД се земјата со најголем број заразен од почетокот на пандемијата, којашто на американска почва се разгоре од Њујорк, со 10,2 милиони коронаинфекции, и со 243.000 има најмногу починати во светот од Covid-19.
Американските функционери во јавносто здравство предупредуваат дека земјата влегува во најлошата фаза од кризата со пандемијата, кога се приближува зимата и сезоната на празници, зголемувајќи го ризикот од брз пренос на вирусот во периодот кога Американците масовно патуваат, пазарат и слават со најблиските.
Трамп е натаму одбива да го признае поразот на изборите од 3-ти ноември и поднесе низа тужби во сојузните држави со коишто ги оспорува резултатите. Аналитичарите сметаат дека и исходот од тие правни процеси не може да го промени конечниот резулат од изборите.