(ФОТО и ВИДЕО) Компанијата Virgin ги спроведе првите тестови на вакумскиот воз „Hyperloop“ со патници

Компанијата „Virgin Hyperloop“ успешно ги завршила првите тестирања на патниците на прототипот на новиот вид транспорт, капсула со вакуумски воз, соопштија од компанијата,

Според соопштението, првите патници во капсулата биле соочновачит на компанијата Џош Гигел и директорката за квалитет на патничките услуги Сара Лучијан. Тестирањето било спроведено во неделата 8-ми ноември, на полигонот DevLoop во американската сојузна држава Невада, каде што бил изграден тунел во должина од 500 метри.

Двојната капсула „XP-2“ била специјално направена за ова тестирање. Познато е дека серискиот носач ќе биде многу поголем и ќе може да собере до 28 лица. Намалениот по димензиите прототип имал цел да ја демонстрира безбедноста на овој вид патување, истакнуваат од „Virgin Hyperloop“, компанијата порано позната по подолгиот назив „Virgin Hyperloop One“.

Во текот на минувањето низ тунелот, капсулата развила бризина од 48 метри во секунда. Портпаролот на компанијата истакна дека испитаниците на себе ја носеле својата секојдневна облека „за да не изгледаат како астронаути“.

Сајтот Inverse најавува планови за изградба на тунел долг десет километри во Западна Вирџинија, во кој проектот ќе биде демонстриран пред американските сојузни регулатори.

Идејата за „Hyperloop“ (хиперјазол) беше претставена уште во 2012 година од инженерот, претприемач и инвеститор Илон Маск, и овој тест претставув важно достигнување компанијата основана во 2014 година со претпоставка да се оствари визијата на извршниот директор и на „Tesla“ и „SpaceX“, за футуристички транспортен систем на магнетски левитирачки капсули коишто патуваат низ безвоздушни цевки со брзина до 760 километри на час. Се планира во конечна верзија ова транспортно средство да биде двојно побрзо од патничките авиони или три до четири пати побрзо од сегашните брзи возови.

Покрај компанијата „Hyperloop One“, со оваа технологија чија цел е да значително да се скупи времетрањето на патувањето и на пример од Њујорк до Вашингтон да се стасува за само половина час, се занимава и „Hyperloop Transportation Technologies“.

 

 

 

https://www.youtube.com/watch?v=CwnkQsmvDyI