Американската фармацевтска компанија „Pfizer“ и германската биотехнолопшка компанија „BioNTech“ во понеделникот соопштија дека нивниот кандидат за вакцина против Covid-19 е „ефикасен“ 90 отсто, според резултатите од третата и завршна фаза од клиничките испитувања, последната етапа пред добивањето одобрение од регулаторните тела.
„Првите резултати од истражувањето на вакцината против Covid-19 во третата клиничка фаза ги потврдија почетните заклучоци за капацитетот на нашата вакцина којшто го поседува во спречувањето и развојот на болеста Covid-19“, се наведува во соопштението.
„Повеќе од осум месеци од почетокот на пандемијата, најлошата во последните повеќе од еден век, веруваме дека завршната етапа претставува значителен чекор нанапред за светот во борбата против Covid-19“, вели во изјавата главниот директор на „Pfizer“, Албер Бурла.
Врз основа на предвидувањата, двете компании до крајот на годината би можеле да испорачаат до 50 милиони дози од вакцината во светот, како и до 1.3 милијарди дози во 2021 година.
Студијата за првата фаза од клиничките испитувања на вкацината покажала дека сите групи испитаници добро го поднесувале препаратот со ознаката „ BNT162b2“, со појава на умерена температура кај помалку од 20 отсто од волонтерите, што се смета за очекуван показател.
Оваа вакцина се темели на иновативната технологија mRNK, односно молекула на рибонуклеаинската киселина која носи информација, со која организмот се поттикнува да создава еден од вирусните протеини со кој потоа организмоте се поттикнува на развој на имунолошки одгвовор на коронавирусот.