
Новара и скратена сезона на кошаркарската НБА лига ќе започне на 22-ри декември откако во вторникот е постигнат договор за распоредот, заработките и датумите за потпишување на договорите на слободните играчи во сѐ уште чувствителната атмосфера поради пандемијата на коронавирусот.
Водството на НБА лигата и унијата на играчите постигнаа начелен договор за 72 натпревари на секој клуб во сезоната, што е десет натпревари помалку во однос на регуларните сезони, кои започнуваат во октомври. Доигрувањето ќе се одржи во мај, а финалните дуели на почектот од јули, поради телевизиските канали и огласувачити за да се избегне терминот на Олимписките игри во Токио, односно од 23-ти јули до 8-ми август.
На финансиско ниво колективниот договор е изменет, земајќи го предвид негативното влијаени на пандемијата на коронавирусот врз приходите поврзани со кошарката, а водството на НБА ја процени можноста од губење на приходите до 40 отсто поради изостанувањето на публиката.
Годинава поради пандемијата на коронавирусот, плеј-офот беше игран во „балонот“ во Орландо, а финалето се одржа на средината од октомври.
Договорот уште треба да го одобри управниот одбор на НБА лигата.