
Општина Куманово ќе купи таблети и друга електронска опрема за учениците од ранливите семејства, со парите коишто се предвидени за новогодишно украсување на градот и правење на огномет.
За истата намена ќе бидат потрошени и парите кои се предвидени за организирање на концерт на градкиот плоштад по повод Денот на ослободување на Куманово, 11 Ноември, а нема да се одржи поради ковид-кризата.
Општината во минатите години трошеше околу 10.000 евра за ангажирање на регионални пејачи за концертот на плоштадот, а за украсувањето на градот 20.000 евра.
– Оваа година решивме парите да ги преманениме. Веќе до Советот дадов предлог со ребалансот на буџетот овие средства да се пренаменат за обезбедување и набавка на таблети и друга електронска опрема, којашто ќе се користи за онлајн наставата за учениците во нашата општина – изјави градоначалникот Максим Димитриевски.
Куманово годинава ќе има скромна прослава по повод 76- годишнината од Денот на ослободувањето и 501 година од постоење на градот.
Извор: kumanovonews.mk