Селекторот на Гана, Квеси Апија потврди дека додека седи во селекторската фотеља, покана за настап во репрезентацијата нема да добие искусниот играч за врска од редовите на германскиот бундеслигаш Шалке, Кевин Принц Боатег.
Поранешниот фудбалер на Милан беше исфрлен од репрезентацијата во пресрет на мечот со Португалија од групната фаза поради навреди кои ги упатил на селекторот.
Покрај Боатенг, од тимот беше исфрлен и Сули Мунтари кој наводно удрил некој од официјалните лица на селекцијата на Гана.
“Во моите планови нема место за Кевин Принц Боатенг. Тој нема да добие покана за следните пријателски или квалификациски натпревари. Јас нема да толерирам недисциплина. Не сакам да се повторат истите проблеми кои ни се случија за време на Мундијалот во Бразил”, изјави Апија.
Претставникот на Африка беше елиминирана во групната фаза по двата порази од САД и Португалија, а одигра нерешено во дуелот против репрезентацијата на Германија.