
Најверните фанови на фудбалската репрезентација на Бразил, повторно мирно дишат откако најголемата ѕвезда во тимот, Неимар, изјави дека повеќе не чуствува никаква болка во повреденото колено и дека ќе биде 100% подготвен за утрешниот 1/4 финален дуел против селекцијата на Колумбија.
“Подготвен сум за четвртфинале. Немам болки, а тренингот мина без проблеми и можам да играм против Колумбија”, изјави крилниот напаѓач на каталонскиот гигант Барселона.
Четвртфиналната пресметка помеѓу репрезентациите на Бразил и Колумбија ќе биде одиграна во Форталеза со почеток во 22:00 часот.