Логар: Јанша не и наштети на Словенија со твитовите за американските избори

Шефот на словенечката дипломатија Анже Логар денеска ги негираше тврдењата на опозицијата дека твитовите на премиерот Јанез Јанша за американските избори се „дипломатско фијаско“ и „срам“ за земјата.

Јанша веднаш по завршувањето на американските избори на Твитер ја поздрави победата на Доналд Трамп, а по прогласувањето на Џо Бајден за победник, словенечкиот премиер не му честиташе, тврдејќи дека е прерано.

Логар наведе дека тврдењата на опозицијата повеќе ја осрамотуваат Словенија отколку твитовите на Јанша. Тој додаде дека Владата на Јанша во односите со САД и позицијата на земјата во Европска Унија направила многу повеќе отколку левичарските влади изминатите години.