Осум припадници на меѓународните сили за поддршка на мирот (MFO) распоредени на египетскиот Јужен Синај го загубиле животот во пад на нивниот хеликоптер, пренесува телевизијата Al Arabiya повикувајќи се на мисијата која го нема статусот на ОН.
Авионот од типот „UH-60 Black Hawk“, извршувал редовна мисија и се урнал поради технички проблеми, се додава во извештајот. Загинале сите лица во леталото, од кои шестмина американски војници и по еден државјанин на Франција и на Чешка.
„Водиме истрага за несреќата во којашто учествуваше наш хеликоптер“, потврдил за агенцијата AFP, Бред Линч од Каиро, висок функционер на мировната мисија која го надгледува спроведивањето на мировниот договор меѓу Израел и Египет, без да открива поединости.
Израелскита војска понудила помош од своите елитни единици во спасувањето на евентуално повредените на местото на настанот, изјавил портпаролот Џонатан Конрикус. Според него, израелската војска ја понудила помошта на единицата „IAF 669“ стационирана во воздухопловна база во Рамону, на југот од Израел, во близина на полуостровот Синај на истокот на Египет.
Три години по потпишувањето на мировниот договор меѓу Египет и Израел во 1979 година, и откако Обединетите нации одбија на Синај да ги испратат „сините шлемови“, во 1982 година Египет и Израел со активно залагање на САД ги формираа овие сили, распоредени истата година, како независна мировна меѓународна организација. Во моментов во мисијата има повеќе од 1.100 војници од 12, но главно од Австралија, САД, Канада и Франција.
Последните години на Синај дејствуваат многу вооружени групи, меѓи кои и Ансар ал-Вејт Макдис (Заштитниците на Ерусалим),египетската гранка на џихадистичката организација Исламса држава. Египетските безбедносни сили се борат со исламистичкиот бунт кој се шири на североистокот на Синај каде што терористите имаат свои бази.
Од февраури 2018 година египетските сили започнаа голема операција против исламистичките бунтовници, главно на северот на Синај, недалеку од границата со Израел и од палестиснката енклава Појасот Газа. Од почетокот на операцијата убиени се околу 930 исламистички борци и повеќе десетици припадници на безбедносни сили, според податоците на египетската армија.