Исламската држава ја презема одговорноста за експлозијата во Џеда

Ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава ја презема одговорноста во четвртокот за нападот со експлозив во кој ден претходно беа повредени повеќе лица на немуслиманските гробишта во саудискиот град Џеда, на комеморацијата по повод крајот на Првата светска војна од 11-ти ноември 1918 година, на која присуствуваа дипломати на западните земји.

„Како поддршка на Божјиот гласник (…) бригада на војнциите на Калифатот успеаја вчера да постават експлозивна направа на гробиштата (…) во Џеда“, каде што се собраа неколу „конзули на крстоносните земји“. Го активираа експлозивот и „ранија неколку од нив“, се наведува во соопштението на Исламската држава објавено на нејзината пропагандна мрежа Telegram.

Џихадистичката организација не изнесува притоа докази кои би го потврдиле нејзиното учество во нападот.

Исламската држава преку својот портпарол на 18-ти октомври ги повика своите приврзаници да ги напаѓаат западните цели, нафроводите и инфраструктурата во Саудиска Арабија. Потоа кон крајот на октомври беше уапсен Саудиец кој со нож нападна и рани припадник на обезбедувањето на францускиот конзулат во Џеда.