Мицкоски: Честитки за јунаците кои со срце, вложена сила и талент покажаа дека Македонија може големи работи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се огласи по победата на македонските фудбалери.

„Победа вредна 30 години и историски резултат. Честитки за јунаците кои со срце, вложена сила и талент покажаа дека Македонија може големи работи. Македонија ви се поклонува.

Да ги поддржиме и ракометарите кои вечерва играат со Финска, да извојуваме уште една голема победа!

Колку сме, толку сме, токму сме. Ние сме Македонци.

Напред Македонијо“ – порача Мицкоски.