Полицијата во швајцарскиот град Биел во кантонот Берн објави дека отворла оган во четвртокот квечерината за да запре лице кои е осомничено дека е поврзано со убиство.
Портпаролката на полицијата за агенцијата Reuters не дала никакви други податоци за евентуално ранети или загинати.
Полицијата, по инцидентот за кој порталот л 20 Minutes јавува дека се одиграл околу 17,45 часот по локално време, сѐ уште вечерта се наоѓаат бројни полициски службеници.
„Во четвртокот вечерта, од сѐ уште непознати причини се слушнаа истрали во близина на Централниот плошта на Биел. На местото на настанот се распоредени големи полициски сили“, се наведува во информацијата на порталот.
Се додава дека „полицијата го потврдила“ настанот, но без дополнителни појаснувања. Цитира очевидец кој бил на местото „Слушнав три истрела, потоа луѓето почнаа да бегаат, и јас исто“, рекол.
Според интернет страницата на весникот Berner Zeitung, две лица биле ранети во инцидентот. Весникот Blick, пак, цитира очевидец кој рекол дека видел двајца мажи како лежат на земјата, откако се слушнале истрелите.