(ВИДЕО) Фудбалерите во Тбилиси прославија со „Излези момче…“

Откако на теренот огромниот успех постигнат вечерва македонските фудбалски репрезентативци го прославија со песната „Едно име имаме“, во соблекувалната тие ја запеја познатата навивачка песна „Излези момче право на тераса и поздравија ја Гоцевата раса“.

Како што оваа песна ги бодреше македонските ракометари и кошаркари до големите успеси на континентални натпреварувања, нека ова биде свевиден повик за масовно присуство на навивачите следното лето на историскиот прв настап на Европското фудбалско првенство.