![Untitled](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/11/Untitled-15.jpg?resize=691%2C386&ssl=1)
Зоран Заев го доведува Тиквешкото Езеро, кое е најголемото вештачко езеро во Република Македонија на праг на биолошки минимум. Незаситноста на власта за профит и засиленото производството на електрична енергија во текот на летниот период од хидро електрани ги пресуши езерата ширум Република Македонија. Моментално водата во езерото е падната за 24 метри од минималната кота на самото езерото, изјави Цветан Трипуновски за медиумите.
– Проблемот што Заев го создаде е повеќестран. Прво езерата се пресушени и нема да може да се користат во догледен период за производство на струја, па така сега ќе купуваме поскапа струја, а загубите ќе бидат огромни.
Второ голем број од акумулациите, како што е случајот и со Тиквешкото Езеро се користат и за наводнување на земјоделските површини, па така се доведува во прашање и следната земјоделска сезона во Република Македонија, вели тој.
– Трето се загрозува и рибниот фонд во самото езеро и се нарушува туристичката слика за езерото, бидејќи истото се користи и за рекреативни цели. За овој егзодус некој мора да сноси одговорност. Штетите се повеќекратни и огромни. Заради профитот на Зоран Заев сега сите езера во Македонија се пресушени. Одговорност мора да има веднаш, дециден е Трипуновски.