
Во Словенија во последните 24 часа со 6.657 спроведени тестови потврдени се 1.731 нов случај на зараза со коронавирусот, а 41 пациент починал како компликации предизвикани од заболувањето Covid-19, што е најмногу во еден ден, соопшти во саботата словенечката влада.
Во петокот биле забележани поголем број новозаразени во однос на претходниот ден, кога имало 1.508, со малку повеќе направени тестови, а уделот на позитививните тестови во последниот показател е повисок од 26 отсто.
Според новите податоци, вкупниот број потврдени случаи на коронаинфекциите од почетокот на епидемијата во Словенија се зголемил на 54.116, од кои во моментов активни се 19.803 случаи, 14-дневната инциденца на заразата изнесува во моментов 945, а бројот на починатите се искаќи на 765 луѓе.
Состојбата во словенечките болници и натаму е критична и не се подобрува, и во моментов се хоспитализирани 1.224 пациенти, од кои 201 се на одделите за интензивна нега.
Владата очекува поради новите рестриктивни мерки кои се донесени и ќе важат следните две седмици, значително да се намали дневниот раст на новите инфекции и примањето на новите пациенти во преполните болнции, откако според министерот за здравство Томаж Гантар повторно би била можна „контролирана релаксација“, односно попуштење на некои од мерките, меѓу првите веројатно враќање на учениците и студентите на настатавата „во живо“.
Новите рестрикции, меѓу другото, опфаќаат забрана на секакво собирање надвор од семејниот круг, затворање на повеќето услужни дејности и затворање на продавниците кои не продаваат само основни животни продукти, како и затворање на јавниот сообраќај. И натаму се применува мерката за забрана за излегување од становите и куќите во ноќните часови, односно полициски час, има забрана за напуштање на општинските граници, освен во неопходни случаи и поради одење на работа итн.
Новите мерки се донесени по процената дека затворањето од крајот на минатиот месец не донело задоволувачки резутлати, бидејќи бројот на новозаразените остана на високо ниво, а болницете и натаму се полнат со пациенти со Covid-19, а дневниот број смртни исходи во последниот период се движеше просечно до 20 до 30 случаи.
Според податоците на Европскиот центар за сузбивање и контрола на болестите (ECDC), Словенија според бројот на починатите на 100.000 жители во последните 14 дена, односно смртноста од Covid-19, е на високото четврто место во ЕУ, зад Чешка, Белгија и Унгарија, пренесуваат во саботата словенечките медиуми.
Официјалните податоци на министерството за здравство покажуват дека досега меѓу починатите има најмногу оние кои се повозрасни од 85 години, а најмладата жртва досега имала 43 годони, а уделот на починатите во популацијата кај која е потврдени вирусот изнесува 1,2 отсто.
Во септември и октомври починале повеќе до 180 заболени, а дневниот број смрни случаи во ноември значително е зголемен.
На потешка форма и нејзина можен фатален исход и натаму во најголем ризик се изложени корисниците на домовите за стари лица и постарите штитеници во социјалните институции, иако стапката на смртноста поради подоброто познавање на вирусот и почестите хоспитализации на овие лица есенва е намалена во однос на пролетта. Но, за разлика од првиот бран на епидемијата, сега вирусот зафатил околу 80 отсто од ваквите домови, а во некои кои се најтешко погодени заразени се речиси половината од станарите и значителен дел од персоналот.