Рекордни бројки од коронавирусот во Полска и Украина, пад во Чешка

(Photo by Sergei SUPINSKY / AFP)

Украина во саботата го забележа рекордниот број на новозаразени со коронавирусот, а Полска најголемиот број починати од почетокот на епидемијата, додека Чешка бележи пад на „ковид- показателите“.

Украина, којашто има речиси 42-милионско население, во последните 24 часа, односно во петокот ги забележала рекордните 12.524 случаи на заразата со коронавирусот, што е раст во однос на 11.787-те случаи колку што биле потврдени ден претходно.

Севкупниот број на заразените од почетокот на пандемијата во Украина изнесува 525.176 лица, а починаче 9.508 луѓе.

„Ова е војна, вирусот секој ден однесува животи на Украинците“, изјави министерот за здравство Максим Степанов.

Украина почна да бележи високи бројки од септември, поради што тамошната влада започна со целосни „затворања“ во текот на викендите кои стапувуваат на сила од оваа сабота и ќе траат до крајот на ноември. Властите во некои градови најавија дека ќе ги игнорираат владините одредби, за да го избегнат влошувањето на економијата на локално ниво.

Соседна Полска, пак, во саботата објави дека забележала најголем број смртни случаи како последица на заразата со коронавирусот, или 548 починати. Вкупно во земјата којашто има 38 милиони жители, од почетокот на епидемијата има потврдени над 10.600 смртни исходи од Covid-19.

Полска во саботата пријави 25.571 нов случај на коронаинфекција, што е малку помалку од рекордниот показател забележан на 7-ми ноември кога имаше 27.875 нови зарази во едно деноноќие. Вкупно од почетокот на епидемијата, во земјата се над 690.000 случаи.

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки во четвртокот изјави дека нема потреба од воведување карантин на ниво на целата држава, додавајќи дека првпат по два месеца бројките почнале да паѓаат.

Во Полска на сила е учењето на далечина, затворени се рестораните и повеќето дуќани во трговските центри кои не нудат неопходни продукти.

Чешка во саботата пријави 7.357 нови случаи на заразата, што и натаму е помалку од неодманешните високи бројки забележани пред да бидат засилени рестриктивните мерки. Оваа земја со 10,7 милиони жители имаше најголем сооднос на заразените на вкупното население, и во моментов севкупно од почетокот на епидемијата забелажала малку над 454.000 коронаинфекции.

Сепак, Чешка во седмицава до петокот го имаше првиот седмодневен период од првата половина на октомври со помалку од 10.000 нови случаи на коронавирусот

Во саботат Чешка потврдии уште 104 смртни случаи како последица од коронавирусот, со што вкупно оваа бројка достигна 5.926 починати.

Поради намалувањето на показателите, властите разгледуваат ублажување на дел од рестриктивните мерки воведени од почетокот на октомври. Следната седмица учениците во основните училишта ќе се вратат во училниците, иако средношколците ќе учат од дома. Рестораните, местата за забава, вежбалните и продавниците за стоки кои не се неопходни ќе останат затворени.