Бојан Киров петпати се искачи на Водно за лицата со дијабетес

Предизвикот на Бојан Киров, кој има дијабетес тип 1, на Светски ден на дијабетесот -14 Ноември, да го искачи врвот на планината Водно (1060) петпати, е успешно завршен. Бојан, искачувајќи го Водно петпати, успеа во намерата на сите 5000 лица со дијабетес тип 1, да им посвети по еден метар. Предизвикот на Бојан Киров е именуван „5000 метри за 5000 луѓе“.

– Искачувањето помина во најдобар ред. Со поддршка од голем број наши фејсбук-фанови, пријатели, љубители на природата и случајни минувачи –  велат од Здружение на дијабетичари.