Корпулентниот кошаркар на Лос Анџелес лејкерс, Ентони Дејвис, одби да го продолжи договорот со клубот за следната сезона.
Според НБА инсајдерот Крис Хејнс, играчот имал понуда од 28,7 милиони долари. Сепак, како што забележува Хејнс, сето тоа е направено со цел да се потпише нов максимален договор со „езерџиите“.
Дејвис забележа 26,1 поен, 9,3 скока, 3,2 асистенции, 1,5 украдени топки и 2,3 блокада по натпревар за сезоната 2019/20.
Ентони Дејвис во тандем со Леброн Џејмс беа најзаслужните за шампионскиот трофеј на Лејкерс.